1. На првиот инаугурациски бал Јулисиз Симпсон Грант (18. претседател од 1869-1877) било толку студено што канаринците, кои биле специјално увезени за да пејат, замрзнале до смрт. Се танцувало по палта.
2. Откако Томас Џеферсон (трет претседател, 1801-1809) го победил Џон Адамс во многу валкана кампања во 1800 година, Адамс одбил да присуствува на инаугурацијата - се претпоставува дека причината поради тоа е навредата која Џеферсон ја упатил кон Адамс во текот на кампањата, нарекувајќи го „одвратен хермафродит“.
3. На инаугурацијата на неговиот наследник одбил да присуствува и Ендру Џонсон (17. претседател, 1865-1869), кој заминал од свеченоста во 1869 година откако неговиот наследник Грант, одбил да се вози во кочија со него на пат кон инаугуративната церемонија. Претходно, во 1865 година, Џонсон бил толку пијан кога го одржувал неговиот потпретседателски говор, што Абрахам Линколн (16. претседател, 1861-1865), му рекол на стражарот: - Не дозволувај Џонсон повторно да зборува.
Фото: Screenshot/YouTube
4. Инаугурациските паради порано биле доста екстравагантни. За време на инаугурацијата на Теди Рузвелт во 1905 година (26. претседател 1901-1909) авенијата Пенсилванија била украсена со 50.000 знамиња.
5. Првиот избор на Франклин Рузвелт (32. претседател, 1933-1945) бил доста интересен. Претседателот Херберт Хуве (на власт од 1929-1933), кој ја водел државата за време на Големата депресија, бил на чело на Америка, не само што ги изгубил изборите, туку може да се каже и дека бил избркан. Токму затоа, додека се возеле со Рузвелт во лимузината, Херберт не сакал да каже ниту еден збор.
6. Една од најголемите паради, која траела четири и пол часа, била парадата во чес на инаугурацијата на Ајзенхауер. Заедно со 73 бендови, учествувале и три слонови и желка која на предните нозе имала американско знаме.
7. Во 1981 година, кога возејќи се со Џими Картер, новоизбраниот претседател Роналд Реган (40. претседател, 1981-1989), цело време правел шеги на кои Реган едвај реагирал. Подоцна Реган прашал: - Што не е во ред со Картер?.