Професорот Вајсмен одУниверзитетот во Хертфордшир во Велика Британија објаснува дека харизмата е 50 проценти вроден, а останатите 50 вежбана.
Клучната состојка на харизмата се едноставните постапки, кои со вежбање, стануваат дел од нашиот карактер, а ни овозможуваат успешен и богат социјален живот. Ако сакате да поработите на својот карактер и да се приближите на тој атрибут – харизматичен човек, обрнете внимание на следните
особини:
Активно слушање
Во разговорот бидете активен слушател, поставувајте прашања и пружете му го на соговорникот вниманието кое го заслужува.
Јасно изразувајте се
Размислете за се што имате намера да го кажете. Долгите монолози се заглушувачки и го губите вниманието од соговорникот.
Смејте се од внатре
Луѓето полесно му приоѓаат на некој за кој чувствуваат дека е позитивен, отколку на намуртените луѓе. Кога искрената насмевка го следи и позитивниот карактер, тоа луѓето го забележуваат и сакаат да бидат во кругот на таквите луѓе.
Стојте исправено
Добар став, правилно држење и високо подигната глава оставаат впечаток на смиреност и самодоверба.
Одмерете ја секоја критика
Ако сте во ситуација да морате некого да критикувате, одмерете ги своите зборови и држете се до важното. Луѓето комуницираат не само со зборови, туку и со став и со мимики.
Помнете имиња
При запознавањето добро е да го повторите името на лицето кое ви се претставило. Сите сакаат да го чујат своето име, особено ако ги врзува за некој позитивен атрибут. Луѓето тоа го паметат.
Контакт со очи
Во разговор контактот со очите е многу важен, бидејќи на говорникот и слушателот им пружа низа на важни информации. Но, не претерувајте, зјапањето во некого може да предизвика и контра ефект.