X
 18.02.2018 Живот

Ниче: „Она што не ме убива, ме прави посилен“

Ниче бил обожавател на афоризми, а во продолжение прочитајте вкупно 15 од нив.

фотоизвор: Wikimedia

1. Она што не ме убива, ме прави посилен.

За Ниче, психолошкиот раст е една од најважните работи. Искуствата не значи дека секогаш треба да бидат пријатни за нас. Често и страдањето им дава значење на нашите животи. Со стекнувањето искуства, добри или лоши, растеме и се развиваме како луѓе.

2. Оној што се бори со чудовишта може да се претвори во чудовиште. Кога гледате предолго во бездната и бездната ќе почне да гледа во вас.

Сакате да се борите со злото? Внимавајте, може да си направите нешто ужасно на себе. Се справувате со токсични луѓе? Внимавајте, отровот може да ве отруе.

3. Она што е направено од љубов секогаш има место над доброто и злото.

Ниче сметал дека разбирањето на доброто и злото е полно со маани. Луѓето често би направиле нешто мотивирани од љубовта, што на поинаков начин не би го направиле.

4. Секогаш има некакво лудило во љубовта. Но, секогаш има разум во лудоста.

За надворешниот набљудувал, човекот кој е заљубен може да изгледа луд. Но, човекот кој е заљубен се однесува сосема рационално од сопствената перспектива. Секогаш треба да ја имате на ум другата перспектива.

5. Човекот не се стреми кон среќа, само Англичаните го прават тоа.

За Ниче, потрагата по задоволство преку болка може да доведе до здодевен живот без значење. За него, клучниот двигател во човековата мотивација е потрагата по значење, дури и ако нè прави несреќни.

6. Некои се родени постхумно.

Ниче имал навика да зборува дека само неколкумина ќе можат да ги разберат неговите книги. Почетокот на книгата „Анархист“ го одразува ова негово верување. Неговото пишување се однесувало и на идната публика која ќе ги разбере неговите зборови. Тоа би значело, негово „раѓање“.

7. Тајната на собирањето најголемо уживање од постоењето е да се живее опасно.

Ова, исто така, се поврзува со тоа дека здодевниот живот не е посакуван.

8. Ако замок биде издигнат, тој мора и да биде уништен.

Ниче посакувал креација на нов систем на вредности. Разбирал дека тоа би значело одбивање на старите вредности што доминирале во Европа од падот на Рим.

9. Зборот „христијанство“ е недоразбирање. Всушност, имало само еден христијанин и тој умрел на крстот.

Ниче го величал Исус кој, според него, креирал сопствени морални евалуации.

10. Нема факти, само интерпретации.

Ниче бил човек кој верувал во перспективи. Сметал дека не постојат објективни вистини, туку само субјективни шеми каде што се создавале вистини и вредности.

11. Најсигурниот начин да се корумпираат младите е да им се каже повеќе да ги почитуваат оние што мислат слично на нив отколку оние што мислат различно.

 Ниче ја мразел „масата“. Често пишувал против тоа и се сметал за слободен мислител кој се издигнува над масата.

12. Има еден пат во светот по кој не може да оди никој освен ти: Каде води? Не прашувај, само движи се.
Неговата филозофија е егзистенцијалистичка. Не може да се проучува, треба да се живее.

13. Платон е здодевен.

Повистинити зборови никогаш не биле изговорени.

14. Постојат две големи наркотици во Европа, алкохолот и христијанството.

Избегнувањето на болката со која било од овие две опции спречува во растењето и развивањето на човекот.

15. Стани она што си!

Ова значи дека никогаш не треба да се потисне вистинскиот потенцијал што го поседува човекот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот