X
 22.01.2023 Живот

Јапонски тајни што ќе ви го променат животот

Јапонија е далеку и Јапонците не се баш блиску до нас, но постои начин барем малку да се доближиме до Земјата на изгрејсонцето, а потоа и до самото Сонце.

Колку и да изглед оваа земја како друга планета, постојат јапонски антички мудрости кои допреле до модерното време како одредени животни стилови - и од секој од нив може да научите важна животна лекција.

Одредени јапонски концепти откриваат како да ја пронајдете сопствената цел, да стекнете знаење, да ги подобрите сите области од животот и да бидете успешни и среќни.

Ако ги прифатите овие јапонски лекции за животот, сè може да се промени, а вашиот живот ќе се трансформира кон подобро.

1. Икигаи


Откријте ја целта во вашиот живот. Секое утро, најдете ја причината поради која се будите. Најдете нешто што се усогласува со вашата сила и страст и што му треба на светот. Тоа е она што му дава смисла на вашиот живот.

2. Шиката га наи

Оставете го она што не можете да го промените. Препознајте кои работи се надвор од ваша контрола. Оставете ги работите нека течат и фокусирајте се на она што можете да го промените.

3. Ваби-саби

Најдете мир во несовршеноста. Сфатете дека ништо во овој свет не е совршено, вклучително и вие и другите. Наместо да тежнеете кон беспрекорност, најдете радост во несворшеноста и тоа ќе го направи вашиот живот уникатен.

japonija
Фото: Pexels

4. Гаман

Чувајте го вашето достоинство во тешки времиња. Покажете емоционална зрелост и самоконтрола, дури и кога сè се менува. Запомнете колку е важно да бидете трпеливи, издржливи и разбирливи.

5. Оубаитори

Не споредувајте се со другите. Секој има различни желби, аспирации и животен пат. Важно е да се фокусирате на сопствениот напредок наместо да се обидувате да бидите како другите.

6. Каизен

Секогаш обидувајте се да ги подобрите сите полиња во вашиот живот. Секоја мала промена може да придонесе за тоа и да направи голема трансформација.

7. Шу-Ха-Ри

Кога ученикот е подготвен, наставникот ќе се појави. Кога ученикот е навистина подготвен, наставникот ќе исчезне - Тао Те Чинг.

Овој цитат потсетува дека треба да учите и да стекнете различни техники. Постојат три начини за да стекнете вредно знаење:

Шу - Научете ги основите следејќи еден наставник. Во оваа фаза спаѓа и имитирањето на големи учители и експерти.

Ха - Почнете да експериментирате, учете од наставниците, но и практикувајте го вашето знаење.

Ри - Фокусирајте се на иновациите и способноста да прифатите ичење нови варијации во различни ситуации.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот