X
 21.07.2017 Живот

Половина од кинеските милионери сакаат да се иселат од Кина

kinezi

Барајќи подобро образование и почиста животна средина, половина од кинеските милионери размислуваат за преселување од Кина. Според истражувањето на „Хурун репорт“, најголем дел од нив би сакале да се преселат во Америка.

Меѓу Кинезите што поседуваат повеќе од 1,5 милион долари имот, половина од нив размислуваат да се преселат во Лос Анџелес, Сиетл, Сан Франциско и Њујорк. После Америка, на второто место по популарност е Канада, а на третото Велика Британија. Австралија е четвртата најпосакувана дестинација.

„Образованието и загадувањето ги мотивираат богатите Кинези да емигрираат“, истакнува Руперт Хогеварф, претседател и директор на „Хурун репорт“.

„Ако Кина може да ги реши овие проблеми, тогаш ќе исчезне и главната причина за иселување“, додава тој. Мотивите за иселување треба да се бараат и во стравовите за вредноста на јуанот. Имено, 84 отсто од милионерите се загрижени поради тоа што оваа кинеска валута може да ја преполови својата вредност. Иако 60 отсто од милионерите се оптимисти кога станува збор за кинескиот економски развој, малку повеќе од петтина веруваат дека ќе продолжи брзиот раст на економијата. Од друга страна, 44 отсто од испитаниците сметаат дека растот ќе забави.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот