Јазиците се различни на ниво на детали кога говорникот составува одредена реченица. Во англискиот и во германскиот јазик, на пример, за една иста реченица, односно реченица со исто значење, има низа разлики кои доловуваат дополнителни информации. Односно, во германскиот јазик постојат повеќе додавки кои потенцираат род и време.
Германскиот јазик е покомплициран од англискиот, но секој јазик изобилува со свои уникатни карактеристики. Во мандаринскиот, на пример, нема ознака за полот во секоја реченица, кога на пример се формира реченица за обраќање. Слично е и со кинескиот, персискиот или финскиот, каде што речениците се формираат без да има разлика помеѓу зборот „таа“ или „тој“. На пример, јазикот кој се зборува во Нова Гвинеја нема вакви ознаки, самиот контекст на реченицата ја дава смислата и нема потреба од дополнителни додавки.
Ако имаше награда за „најзафатениот“ јазик, тогаш тоа ќе беше кабардискиот, кој се зборува во Кавказ. Речениците вклучуваат низа зборови со цел да се добие смисла и значење. За „најекономски“ јазици се сметаат дијалектите во Индонезија, кои ретко може да се најдат во пишана форма, но се зборуваат од милиони луѓе во Индонезија.
Времето и повторувањето ги изнесуваат зборовите, а тоа се случува повеќе кај некои јазици. Некои начини на изговарање на зборовите се последица на начинот на кој некогаш се зборувало, но со некои модификации. Во јазиците каде што завршните звуци се акцентираат, тие звуци имаат тенденција да опстојат подолго време бидејќи се гласни и јасни – можат и да се мрморат, но повторно ќе бидат слушнати.
Јазиците денеска се далеку покомплексни. На пример, индонезискиот јазик е прв јазик на само еден од четири говорници – јазикот се користел многу векови, а бил дел од говорители што зборувале неколку стотици јазици. Граматиката се менувала со текот на времето поради различните влијанија во регионот.
Само неколку јазици успеале да се наметнат на милиони лица. Доминантниот мандарински, кој е помалку „зафатен“ од кантонскиот и тајванскиот, кои им биле наметнати на помалку луѓе. Англискиот јазик, благодарение на викинзите кои во првиот милениум формирале своја империја во Северна и во Западна Европа и им го наметнале на луѓето што ги нападнале, ја добил денешната форма, а германскиот останал „нормален“.
Разликите во
јазиците можеби се сметаат за прозорци кон психолошката свест кај луѓето, но сепак се вистинско богатство. Големиот број дијалекти и изговори се она што го прават јазикот еден од најголемите изуми на човештвото и средство за комуникација.