X
 27.09.2020 Живот

Дали чувствувате дека животот ве одминува? Еве кои може да бидат причините

Доколку постојано жалите за вашиот живот, можеби е време да истражите зошто ги имате тие мисли. Според Леон Ф. Селцер, клинички психолог, ваквите грижи може да доаѓаат од самокритичниот глас длабоко во вас кој постојано ве потсетува дека можевте и требаше да направите нешто повеќе или нешто различно.

Според Селцер, ова се некои работи што може да бидат причина за ваквиот начин на размислување:

- Без да сфатите дозволивте туѓите желби и потреби да имаат предност. Можеби несвесно сте одбрале да го направите ова во минатото бидејќи сте се убедиле дека така е најдобро за сите или само така може да се согласувате со другите и да бидете прифатени од нив.

- Вашиот незаситен внатрешен критичар ве принудува да се трудите повеќе, дури и да се стремите кон совршенство. Но поради неговите нереални стандарди, секој напор изгледа како недоволен, па вашите мали успеси ги гледате како неуспеси. Порано или подоцна, чувствувате жалење наместо благодарност.


Фото: Pixabay

- Поради страв од неуспех, предвреме сте се откажале. Вашиот внатрешен критичар во обидот да ве заштити од неуспех ве спречува да останете насочени кон целта.

- Прекумерната анксиозност ве спречува да реагирате и да се борите поради вашиот страв од движење во која било насока што може да биде ризична.

- Анксиозноста од која не може да се ослободите поттикнува заразни навики, како прекумерно јадење, пиење, пушење и слично. Кога ќе станат навики, овие активности може да ве „преземат“ во милисекунда.

- Доколку секогаш размислувате за негативните сценарија на можниот развој на настаните, негативните прогнози можеби често ве премислуваат кога започнувате нешто ново. Иако сте свесни дека нема гаранции во животот, вербата во себе не ви е доволна.

- Апатијата можеби ве демотивира. Потсвесно, апатијата може ве спречи постојано да се обидувате додека не стигнете до целта.

- Загубата на блиска личност е тешка, а жалењето е нормално и потребно. Но доколку сте премногу фокусирани на загубата и се заглавите во неа, тоа може да ве спречи да продолжите со животот.

Доколку се препознавате во некоја од овие можности, причината за чувството на жалење е во вас. Постојат техники за решавање на проблемот, но процесот најмногу ќе зависи од самиот индивидуалец.

Автор: Леон Ф. Селцер
Извор: psychologytoday.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот