Ако неодамна сте отвориле профил на оваа популарна социјална мрежа, можно е да има многу работи што ќе ве збунат. Затоа, ви нудиме речник со поими токму од „Инстаграм“.
1. „Bio“
Био го означува местото за биографија во рамките на вашиот профил, каде што можете да напишете нешто за себе што сакате да го споделите со другите корисници. Притоа, можете да користите текст, емотикони, хаштагови, па дури и знакот @ за да споменете некој друг.
2. „Stories“
Ова е функција што „Инстаграм“ ја копира од „Снапчет“, а овозможува објава на фотографии или видео во траење до 15 секунди што автоматски ќе исчезне по 24 часа. Исто така, можете да додадете текст, емотикони, хаштагови или да споменете некој.
Фото: Profimedia
3. „Mention“
Оваа функција користете ја кога сакате да привлечете нечие внимание на „Инстаграм“. Напишете @, а потоа напишете го корисничкото име на личноста.
4. Тагнување
Тагнувањето користете го за да ја означете личноста на фотографијата или на видеото.
5. „IG Live“
Ова е кратенка за „Инстаграм во живо“, функција што ви овозможува пренос во живо на тој сервис. Функционира слично како „Фејсбук во живо“. Ќе ја пронајдете под „Stories“, а преносот во живо можете да го активирате веднаш.
6. „IGTV“
Ова е истовремено и функција и самостојна апликација што овозможува објава на видео подолго од една минута.
7. „Highlights“
Со помош на оваа функција ќе можете да ги пронајдете вашите најдобри „Instagram Stories“. Да, исчезнуваат за 24 часа, но можете повторно да ги пронајдете во вашата архива.
8. „Insta DM“
Ова е кратенка за „Instagram Direct Message“, платформа за испраќање пораки вградена во самиот „Инстаграм“. Преку платформата можете да испраќате пораки до пријателите, да споделувате фотографии од галеријата, да испраќате фотографии што ќе исчезнат и други работи.
9. „Instagram Algorithm“
Ова е алгоритам со чија помош „Инстаграм“ одредува што ќе гледате на оваа платформа.
10. „Instagram Bots“
Ова се автоматизирани кориснички профили што се обидуваат да се претстават како луѓе, но главно без успех. Ќе налетате на нив кога ќе добиете коментар неколку секунди по вашата објава. Најдобро е да ги игнорирате.
11. Хаштагови
Ако пред секој збор го вметнете знакот #, тогаш добивате хаштаг. Ако го кликнете, ќе добиете листа на сите објави што го користат токму тој хаштаг.
12. „Follow Hashtags“
Изберете нешто што ве интересира и додајте го знакот #, „Инстаграм“ автоматски ќе ви понуди главни објави поврзани со таа тема.
13. Зачувување
На „Инстаграм“ можете да ги зачувате објавите што подоцна можете да ги користите, како на „Пинтерест“. Кога ќе наидете на објава што сакате подоцна да ја прочитате, притиснете на сличето за обележување во горниот десен агол на објавата.
14. „Мute“
Ако некој ве малтретира, а не сакате да престанете да го следите или блокирате, можете да го искористите копчето „Mute“. Објавите и приказните од овој профил нема да ги гледате на вашата насловна страница.
15. Блокирање
Ако блокирате некого на „Инстаграм“, таа личност повеќе нема да може да ги гледа вашите објави, ниту да ги следи вашите активности. За да активирате некоја личност, отворете Settings > Comment Controls и потоа Block Comments.
16. „Hide your story“
Што кога не сакате некој да ја види вашата објава? Отворете ја страницата за уредување, кликнете на запченикот, отворете „Hide Story from“ и додајте ги луѓето што сакате да не ја гледаат содржината.
17. Пријавување
Кога ќе видите нешто што сметате дека е несоодветно на „Инстаграм“, можете да го пријавите. Притиснете го копчето за избор и изберете „Report“.
18. „Business Profile“
Можете да го префрлите личниот кориснички профил во бизнис. Не треба да имате регистрирана компанија за да го направите тоа, а бизнис-страницата нуди поголема предност.
19. „Insights“
Откако ќе го отворите корисничкиот бизнис-профил, на врвот ќе се појави копче „Insights“. Со него ќе добиете увид во доста информации.
20. „Explore“
Ако притиснете на „Search“, ќе се отвори прозорец „Explore“ каде што можете да истражувате што е моментално во тренд на „
Инстаграм“.