„Гугл“ го има одговорот на речиси секое прашање. Сопствениците на домашни миленици често го користат пребарувачот за да најдат одговори на прашања поврзани со животните. Еве кои се најчестите прашања и одговорите на „Гугл“ за мачките и кучињата.
Зошто мачките сакаат мијалници?
Мачките го одбираат ова навидум неудобно место од повеќе причини. Понекогаш сакаат да се изладат доколку им е топло, а можеби се чувствуваат сигурни во мали простори. Конечно, можеби се жедни.
Зошто мачките предат?
Предењето е начин на комуникација на мачките. Но заблуда е дека мачката што преде е секогаш среќна. Таквите вибрации може да се резултат на страв, нервоза или стрес. Предењето е и начин на кој мачките го привлекуваат нашето внимание, особено ако се гладни.
Фото: Freepik
Зошто мачките се плашат од краставици?
Иако никој го нема дефинитивниот одговор, постојат неколку можни објаснувања. Мачките можеби не го сакаат мирисот на овој зеленчук, а можеби се плашат од неговиот изглед бидејќи ги потсетува на змија. Меѓутоа, треба да знаете и дека мачките не се плашат од краставиците, туку ги сметаат за закана доколку незабележително се стават зад нив.
Зошто кучињата јадат трева?
Тоа се случува од разни причини. Можеби сакаат да го подобрат варењето, да излекуваат интестинални црви или се обидуваат да надоместат за недостигот од витамини. Освен тоа, кучињата се сештојади, па имаат предиспозиција да јадат и трева.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Freepik