X
 12.11.2021 Живот

Едно дрво за фотографија од миленик - инстаграм-тренд што излезе од контрола

Доколку неделава сте поминале малку време на „Инстаграм“, веројатно сте забележале дека луѓето објавуваат слики од своите домашни миленици заедно со налепница на која пишува дека за секоја фотографија ќе се засади едно дрво. Досега не беше јасно кој стои зад оваа иницијатива, но налепницата била споделена над 4 милиони пати.

Сега се огласи фирмата што стои зад ветувањето со изјава дека сепак нема да засади 4 милиони дрвја. „Плент а три ко“ објавила во вторникот дека стои зад виралната кампања. Меѓутоа, набргу сфатиле дека работите излегле од контрола.

- Веднаш сфативме дека објавата ќе стане препопуларна и дека немаме ресурси да засадиме толку стебла, па ја избришавме 10 минути по објавувањето - напишале од фирмата.



Сепак, налепницата продолжила да се споделува на „Инстаграм“ без нивниот потпис. Фирмата тврди дека засадила 6.500 дрвја и собрала околу 400.000 евра за разни предизвици. До крајот на 2021 година планира да засади над еден милион дрвја. Фирмата продава и ѓердани, а за секој продаден ѓердан засадува по едно дрво. Се собираат и средства за група која им помага на заедниците низ светот да засадат дрвја.

Иако нема да се засадат 4 милиони стебла, позитивното што може да се извлече од овој пример е дека постои интерес кај јавноста за акции што се добри за околината.

Извор: Green
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот