X
 05.05.2018 Технологија

Тим од Македонија во првите десет на „Hash Code 2018“

Повеќе од 37.000 студенти и професионалци, односно повеќе од 5.000 тимови од Европа, Блискиот Исток и од Африка се регистрираа за „Hash Code 2018“ - натпреварот по програмирање организиран од страна на „Гугл“.

Вкупно 40 тима од 17 различни земји беа во канцелариите на „Гугл“ во Даблин, Ирска, за да учествуваат во финалето, кое се одржа на 28 април. Тогаш на тимовите им беше дадена задача да решат инженерски проблем за еден ден користејќи програмерски јазик по нивен избор.

Македонскиот тим од компанијата „Нетцетера“ постигна голем успех и се најде на деветтото место.


Целосна листа на резултати



Македонскиот тим на „Нетцетера“ составен од Александар Ников, Панче Чавковски, Кристијан Јанкоски и Војче Кушевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија