Пријанџали Гупта, студентка на трета година по инженерство на индискиот Технолошки институт во Велор, развила модел за вештачка интелигенција кој може да го преведува американскиот знаковен јазик на англиски јазик во реално време.
Таа го направила моделот користејќи го софтверот „Тенсорфлоу“ за препознавање предмети во движење. Податоците се добиваат со компјутерска камера.
Пријанџали смета дека во иднина би можеле да се направат вакви модели за други знаковни јазици.
Во 2016 година двајца студенти од Универзитетот „Вашингтон“ измислиле ракавици кои може да го преведат знаковниот јазик во говор или текст.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)