X
 12.08.2019 Наука

Отпадот од сателитот што го разнесе Индија сѐ уште ја загадува орбитата

Во март Индијците соборија сателит со проектил. Индискиот премиер Наренда Моди тогаш рече дека Индија е голема вселенска сила. Но, настанот беше еколошка катастрофа.

Имено, отпадоците што беа создадени при експлозијата сѐ уште летаат околу Земјата со брзина од илјадници километри на час, ставајќи ги во опасност вселенските бродови и другите сателити дури и четири месеци по тестот.

- Врз основа на степенот на исчезнување на некои од овие објекти од повисоката орбита, мислам дека ќе има остатоци уште една година, но веројатно не две години - истакнува Коди Чилс од американските воздушни сили.

Во јуни астрономите од центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан следеле 41 објект од остатоците од оние 400 што оригинално биле идентификувани. Тоа е само дополнителен отпад во веќе многу загадената Земјина орбита.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука