Вниманието на целиот свет неодамна го привлече мисијата „Чандрајан-3“, кога вселенското летало ИСРО успешно слета на Месечината.
Но, само неколку дена подоцна, истата агенција објави дека нејзината мисија „Адитја-Л1“ пристигна на местото на лансирање на источниот брег на Индија. Доколку работите одат според планираното, мисијата треба да започне на 2 септември.
Целта на оваа мисија е да го проучува Сонцето, чиј атмосферски слој наречен корона и понатаму претставува пречка за откривање на другите тајни на оваа ѕвезда. Имено, оваа ѕвезда се загрева толку многу што не е познато што се случува пред да ги исфрли своите блесоци и облаци од плазма во вселената.
По лансирањето, „Адитја-Л1“ треба стабилно да патува околу Земјата. Потоа следува проверка дали сите инструменти се точни, за патувањето да може да продолжи. По четири месеци патување, се очекува леталото да стигне на својата дестинација: 1,5 милиони километри оддалеченост од Земјата, од каде што ќе може да собира информации за Сонцето со помош на рендгенски спектрометар, хронограф, мерач на сончево зрачење, опрема за проучување на сончевиот ветер и магнетомери.
Извор:
National Geographic
Фото:
Twitter