X
 06.12.2022 Живот

Запознајте го човекот кој ги разбива митовите и суеверијата во селата низ Индија

Сујаш Тошнивал го поминува своето време разбивајќи суеверија и митови во селата низ индиската држава Махараштра.

Тој ја напуштил високоплатената работа во корпорација за да работи со организацијата ANIS (Andhashraddha Nirmoolan Samiti), што во превод значи Друштво за искоренување суеверија.

Целта на организацијата е да разоткријат дека гуруата и чудата за кои тврдат дека ги изведуваат се лажни.

Како дел од својата работа во организацијата, Сујаш ги поттикнува луѓето да размислуваат сами. Тоа е работа што лути многумина, но тоа не го обесхрабрува Сујаш.

- Слепата вера и сектите не се присутни само во Индија. Ова се светски проблеми. Ако нашите активисти зборуваат против моќните верски гуруа, добиваат ќотек - вели Сујаш.

- Гуруата користат различни трикови за да ги измамат луѓето. Тие тврдат дека се божества и дека можат да прават чуда. Профитираат така што финансиски ја искористуваат јавноста. Сето ова е возможно поради недостиг на образование и свесност - вели тој.

- Низ мојата работа ги охрабрувам луѓето да развијат научна свест. Луѓето се љубопитни и покажуваат желба да ѝ се придружат на нашата организација и да придонесат нешто за неа.

Организацијата ANIS била основана во 1989 година од д-р Нарендра Дабхолкар, водечка фигура во движењето за борба против суеверијата. Дабхолкар беше убиен во 2013 година, но тој и неговата организација помогнале во 2013 година да се усвои Закон за искоренување на црната магија.

- Постои постојана закана за нашите животи. Нашиот ненасилен и рационален пристап разбесни многумина. Јасно е дека нашите собири ги освестуваат луѓето. Ако луѓето се освестат и почнат да ги игнорираат гуруата, тогаш тие би останале без работа - вели тој.

Според него, вистинскиот проблем во Индија лежи во образованието, здравјето, сиромаштијата и гладот.

Извор: ВВС
Фото: ВВС/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот