Доколку сте студент и ви треба мотивација за оваа учебна година, треба да го знаете следново - еден од годинашните добитници на Нобелова награда по хемија паднал на првиот испит по хемија на факултет.
Мунги Бавенди, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс, е еден од добитниците на годинашната Нобелова награда по хемија за придонесот во откривање на таканаречените „квантни точки“, наночестички кои се наоѓаат во модерните телевизиски екрани и кои помагаат за препознавање тумори во телото.
Сепак, и покрај неговата успешна работа, тој паднал на првиот испит по хемија на факултет. Ова искуство речиси го уништило, открива тој. Овој 62-годишен научник бил одличен во научните предмети во средно училиште, но кога стигнал на Универзитетот „Харвард“, бил изненаден кога сфатил дека треба да учи.
- Бев навикнат да не морам да учам за тестови - вели тој.
Тој освоил 20 од можни 100 поени на овој испит и го имал најлошиот резултат во целата група.
- Погледнав во првото прашање и не можев да го разберам, потоа не можев да го разберам ниту второто прашање - се сеќава тој.
Бавенди сакал хемија, но сфатил дека не е навикнат на учење. Тој набргу го сменил тоа и научил како да учи. На следните испити добивал одлични резултати. Неговата порака за младите е едноставна.
- Издржете и не дозволувајте неуспесите да ве уништат - вели тој.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија:
MIT