X
 24.07.2018 Живот

Знаци што покажуваат дека сте емоционално интелигентна личност

Многу од нас пораснаа во домови каде што за чувствата не се зборуваше. Солзите беа детски, лутината - лоша, а ранливоста не смееше да се покаже. Но сѐ повеќе и повеќе нашата култура почнува да сфаќа дека постои вредност во обрнувањето внимание на нашите чувства.

 

Емоциите порано се сметале за непријатности и знаци на слабост поврзани со хормоните и ирационалноста, меѓутоа, денес постои таканаречена психолошка интелигенција (EQ - Emotional Quotient). Како да дознаете дека имате импресивна EQ?


1. Ја знаете разликата меѓу мисла и чувство

Знаете дека мислите формираат фрази и реченици во вашиот ум, а чувствата формираат сензации во вашето тело (како што се скршено срце, анксиозност, страв). Знаете дека и чувствата и мислите доаѓаат и си одат - не треба да направите ништо со нив.

2. Имате силен емоционален речник

Знаете дека постои повеќе од еден опис на вашето искуство на тажна личност. Можеби сте разочарани. Или, пак, очајни. Или тагувате. Знаете кога се чувствувате нервозни, а кога се чувствувате празно.

3. Не се плашите од сопствените чувства, дури и од оние потешките

Правите простор за нив и не ги избегнувате.

4. Не се плашите од чувствата на другите, дури и од оние потешките

Создавате безбеден простор за тие да можат да ги искажат и не ја менувате темата на разговор само за да се извлечете од ситуацијата.

5. Не сте нереактивни

Иако сте свесни дека чувствувате нешто, вие реагирате намерно, а не инстинктивно.

6. Имате емпатија за другите
 
Можете да ги замислите и да ги разберете чувствата што тие ги имаат.

7. Во допир сте со телесните сензации што ги доживувате како одговор на емоциите

Признавате чувство на вина, вознемиреност, скршено срце и жалост.

8. Можете лесно да кажете дека некоја ваша блиска личност е вознемирена без самата да ви каже

Можете да ги прочитате.

9. Лесно го приспособувате вашето однесување во зависност со кого сте во друштво

Ве нарекуваат друштвен камелеон и добро ви оди со сите. Знаете што е општествено пожелно.

10. Напредувате во лидерска улога

Немате проблеми да предводите проекти или да бидете капитен на тимови.

11. Им поставувате прашања на луѓето

Вие сте навистина заинтересирани за нивните животи и приказни.

12. Ги знаете вашите вредности

Под сето тоа, во допир сте со она што ве поттикнува.

13. Знаете колку е важно да го слушате сопственото срце

Не секогаш имате „логички“ избор, без разлика на тоа дали избирате пар чевли или партнер.

14. Не ве запира неуспехот

Доколку доживеете неуспех, тоа за вас не е причина за да запрете и да не ја реализирате вашата цел.

15. Знаете како да се справите со конфликт

Не го избегнувате и не станувате агресивни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот