На астероидот Ријугу е откриена еден од четирите основни дела од РНК, зајакнувајќи ја теоријата дека органските материи потребни за живот на планетава пристигнале од вселената.
Во 2020 година сонда на Јапонската агенција за вселенски истражувања донела неколку грама материјал од астероид на Земјата. Анализата на тие примероци покажала дека материјалот се создал пред формирањето на планетите, пред 4,5 милијарди години.
Примероците покажале дека астероидот се формирал подалеку од Сонцето, во близина на орбитата на Нептун. Најбитното откритие во врска со овие примероци е концентрацијата на урацил, една од четирите азотни бази кои влегуваат во составот на РНК. Клетките користат РНК за да пренесуваат генетска информација.
Концентрацијата на урацил била поголема во примерокот земен длабоко под површината на астероидот отколку оној земен поблиску до површината. Ова покажува дека космичките зраци и ултравиолетовата светлина од Сонцето го оштетиле урецилот што бил поблиску до површината.
Претходно, три азотни бази биле откриени во други метеорити богати со јаглерод, а сите пет азотни бази биле пронајдени во различен вид метеорити наречени ЦМ хондрити. Меѓутоа, не може да се исклучи можноста дека азотните бази не потекнуваат од Земјата.
Од друга страна, откритието на урацил во примероците од астероидот Ријугу потврдува дека азотните бази се присутни во чист астероиден материјал кој потекнува од најраните денови на Сончевиот Систем. За научниците што работеле на анализата, ова е дефинитивен доказ дека основите на животот пристигнале на Земјата од вселената.
Извор:
Space
Насловна фотографија: Pixabay