X
 16.11.2017 Наука

Откриена планета многу слична на Земјата

planeta

Истражувачи, користејќи го HARPS (High Accuracy Radial velocity Planet Searcher), за откривање вонземски планети, познати и како „егзопланети“, откриле дека црвената џуџе-ѕвезда „Рос 128“ има маса доста слична на Земјата.

Всушност, се смета дека оваа планета би можела да биде слична на Земјата во однос на големината и на температурата на површината. Планетата се наоѓа на 11 светлосни години од нашиот Сончев Систем, со што е втората најблиска умерена планета што некогаш била откриена. Овој мал свет доаѓа веднаш по „Проксима б“.

„Ова откритие е базирано на повеќе од една деценија интензивно следење со HARPS заедно со најсовремените техники за намалување и анализа на податоци“, изјави Никола Астудило-Дефру од Универзитетот во Женева, коавтор на трудот во кој се наведува егзопланетарното откритие. „Само HARPS покажа толкава прецизност и тој останува најдобриот ловец на планети од ваков вид“, вели тој.

Тимот што стои зад трудот забележува дека иако повеќето црвени џуџести ѕвезди се соочуваат со екстремна соларна светлина - светлина што ги доведува нивните планети до смртоносна радијација - „Рос 128“ е „тивка ѕвезда“. Како резултат на тоа, се смета дека нејзините планети се најверојатни локации за можен вонземски живот. Со тоа, откритието на свет со маса слична на Земјата што орбитира околу ѕвезда е прилично значајно.

„Проксима Кентаури е особено активна, со чести, моќни светлини што можат да ја стерилизираат атмосферата“, вели водечкиот автор Ксавиер Бонфилс од Институтот за планетологија и астрофизика. „Рос 128 е една од најтивките ѕвезди и иако е малку подалеку од нас, таа создава одлична алтернативна цел.

Орбитата на „Рос 128б“ е за 20 пати поблиска од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето - но планетата добива 1,38 пати повеќе зрачење, што ја одржува нејзината рамномерна температура помеѓу -60°C и 20°C. Но иако научниците веруваат дека тоа е умерена планета, сè уште нема потврда дека лежи во зона погодна за живеење - зона опкружена со ѕвезда во која може да постои течна вода.

„Десет години отсега, благодарение на гигантските телескопи, ќе можеме директно да ја видиме планетата и да ја карактеризираме атмосферата. Во меѓувреме, ќе треба подобро да ги ограничиме теоретските модели за да објасниме дали течната вода може да се најде на површината на ’Рос 128‘“.

„Рос 128“ моментално е оддалечена 11 светлосни години од Земјата, но се движи кон нас, и како резултат на тоа, еден ден ќе биде нашиот најблизок ѕвезден сосед.

„Засега ќе продолжиме да ја следиме ѕвездата и да бараме докази за дополнителни придружници“, велат научниците. „За да ја карактеризираме планетата, ќе мора да го почекаме ЕСО - екстремно големиот телескоп, до 2025 година. Потоа ќе можеме да ја видиме планетата и да бараме атмосфера“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука