X
 22.11.2017 Наука

Научниците го забележале првиот меѓуѕвезден објект во нашиот Сончев Систем

Чудната, долга црвена карпа била забележана како лута помеѓу Млечниот Пат, стотици милиони години, а не била прикачена за некој ѕвезден систем. Потоа прелетала низ нашиот, па научниците всушност посведочиле на првиот меѓуѕвезден објект што го виделе.



Научниците претходно само претпоставувале дека има вакви објекти во вселената, но сега првпат се и сведоци на еден таков објект. Телескоп во Хаваи дизајниран за да детектира објекти што се наоѓаат во близина на Земјата го идентификувал овој објект, а понатамошни набљудувања овозможиле да се разбере дека објектот не е од нашиот Сончев Систем. Се движел со 95.000 километри на час. Со набљудување и користење различни телескопи се заклучило дека светлината на астероидот драматично варирала, односно својот распон на контрола го менувала на секои 7,3 часа. Црвената темна боја на објектот е слична на бојата на објектите што се надвор од нашиот Сончев Систем, па и тоа е еден од факторите со кои се потврдило неговото потекло.



Карактеристиките покажуваат дека содржи голем процент на метал и има голем недостиг на вода или мраз. Површината е затемнета поради влијанието од космичкото зрачење во текот на милионите години. Астронаутите сметаат дека меѓуѕвездените астероиди поминуваат низ нашиот Сончев Систем еднаш годишо, но ретко ги детектираат.

Експертите продолжуваат да го набљудуваат објектот и се надеваат дека ќе успеат да утврдат од каде точно доаѓа и каде следно ќе се упати во нашата галаксија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука