X
 22.04.2022 Живот

Зошто луѓето сакаат да слушаат музика?

Музиката може да го смени нашето расположение, да нè мотивира и да нè инспирира. Последниве децении научниците донеле повеќе заклучоци кои ги покажуваат поволностите на музиката. Научникот Шахрам Хешмат ги сумира овие заклучоци за да наведе повеќе причини зошто сите треба да слушаат музика.

Задоволство

Главната причина зошто луѓето слушаат музика се крие во центарот за награда во мозокот. Слушањето пријатна музика активира делови од овој регион од мозокот. Како резултат, речиси сите луѓе чувствуваат задоволство кога слушаат музика. Само околу 2 отсто од луѓето не го чувствуваат ова, пишува Хешмат.

Подобрување на расположението

Музиката може да им помогне на некои луѓе да се оттргнат од проблемите. Освен тоа, музиката го подобрува расположението и може да ви помогне да бидете поконцентрирани. Музиката може да помогне и во опуштање на телото бидејќи мозочните бранови може да се синхронизираат со ритамот на песната.

Кога станува збор за музиката што сакаат да ја слушаат луѓето, таа е најбрза и најгласна во текот на ручекот, а потоа генерално се слуша побавна музика.


Фото: Pixabay

Носталгија

Музиката е еден од најдобрите начини за евоцирање спомени од минатото или носталгија. Слушањето на песните што сме ги слушале во минатото може да поттикне чувство на носталгија.

Изразување

Луѓето може да ја користат музиката за да го изразат сопствениот идентитет и да ги покажат вредностите во кои веруваат. Музиката ни помага да покажеме дека ѝ припаѓаме на одредена општествена група и со тоа таа е дел од нас.

Извор: Psychology Today
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот