Астрофизичари создале музика од орбиталниот танц помеѓу Сатурн и неговите месечини. Ова се случува по 13 години собирање податоци за една од најинтересните планети од нашиот Сончев Систем.
Музиката не е направена од звукот на радиоемисиите на Сатурн, туку тимот од Универзитетот во Торонто креирал музика базирана на орбиталните ритми на Сатурн и неговите прстени. Овој потфат има цел да се прослави големото финале на мисијата на НАСА - „Касини“.
Музиката е базирана на она што се нарекува орбитална резонанција. Тоа се случува кога предметите орбитираат на различни брзини, но се враќаат во својата оригинална позиција во иста временска рамка. Па така, набљудувани се првата голема месечина на Сатурн – Мимас, која комплетира две орбити за секоја што е комплетирана од третата голема месечина Тетис. Истата шема може да биде набљудувана и со втората и четвртата месечина Енкладус и Дион. Петтата и шестата Реа и Титан потоа се користат за да се комплетира првиот дел од музиката, орбиталните фреквенции на сите шест месечини префрлаат 27 октави во ранг на човечко слушање.
Користејќи стимулација на месечевиот систем, нота се свири секојпат кога месечината комплетира орбита. Звукот прелетува преку прстените, квалитетот на звукот се одредува од нивните индивидуални орбитални фреквенции, пред финалниот акорд, кој го претставува потеклото на Касини, креирано преку комбинирање на осцилаторните фреквенции на Сатурн.
Вториот дел е базиран на орбитална резонанција од Јанус и Епиметеус, пар малечки месечини уникатни во соларниот систем, колку што е познато. Тие споделуваат нерегуларна орбита многу блиску едни до други. Бидејќи едната е поблиску до Сатурн, орбитира малку побрзо, па со тек на време ќе пристигне. Кога тоа се случува, гравитациската интеракција помеѓу две планети ја привлекува таа што е отпозади и ја префрла пред другата. Си ги менуваат местата на секои четири години, никогаш не приближувајќи се поблиску од околу 15.000 километри. Наредната промена ќе биде во 2018 година.
Двете музички дела ќе може да се слушнат на 15 септември, а досегашната работа на тимот може да се проследи на неговата
веб-страница.
Фото: Screenshot/YouTube