X
 19.06.2017 Живот

Закони на психологијата чие познавање може да Ви користи во животот

Многу луѓе кои имаат за цел да си помогнат себе си, се интересираат за психологија иако професионално не се занимаваат со неа. Следните пет  психолошки феномени не само што ќе Ви помогнат подобро да разберете зошто луѓето ги прават истите работи секојдневно, туку и ќе Ве поттикнат да станете подобри и порационални.

Ефект Pratfall: ако не сте совршени, луѓето повеќе ќе Ве сакаат

За да оставите впечаток секогаш се стремите да ја покажете својата најдобра страна од личноста. Но, тоа е погрешно. Студиите покажуваат дека ранливоста и слабоста го зголемува нивото на емпатија кај другите. Кога имате трема на првиот состанок и правите глупости тоа е проверен, но не и очигледен начин да се допаднете на партнерот. Теоријата е потврдена од Елиот Аронсон, доктор по филозофија и психологија на универзитетот Стенфорд.

Ефект Pigmalion: Ако очекувате повеќе повеќе и ќе направите


Оваа теорија прв ја тестирал психологот Роберт Розенрал кој спроведувал тестови за интелигенција во училишта и соопштил на крај лажни резултати, при што на оние со повисок IQ им кажал дека имаат просечни резултати, а на учесниците со просечни резутати им го кажал спротивното. Што се случило? Учениците кои наставниците ги сметале за интелигентни почнале да учат подобро, затоа што од нив се очекувало повеќе отколку од другите. Во принцип, ако сакате нешто да постигнете во животот, морате да си поставите нереални цели и да си ги прецените способностите за нивно остварување.

Парадокс на избор: колку повеќе опции за исбор постојат, помалку сме задоволни со одлуката

Логично е да помислите дека колку е поголем изборот толку е подобро. Но психолозите Марк Лепер и Шена Јенгар докажуваат дека тоа не е така. Едно нивно истражување се состоело во бирање од видови на џем во продавници, при што една група бирала од 6 видови, а друга од 24 видови. Резултатите покажале дека 30% од луѓето во првата група се задоволни со изборот, но, истото важи за само 3% од втората група луѓе. Бари Швартц, кој го открил овој феномен, советува да го ограничите изборот кога треба да донесете одлука, за да бидете позадоволни со неа.

Ефект на сведок: колку повеќе очевидци, помала е веројатноста некој да помогне


Ако некој човек е на учица и му е потребна помош, има многу поголеми шанси да ја добие ако покрај него поминува еден човек, отколку ако покрај него поминуваат многу луѓе. Тоа ја објаснува нечувствителноста и студенилото на големите градови. Затоа, кога Ви е потребна помош, не ја барајте од било кого, туку посочете некого. Немојте да викате да „Ви помогне некој“, затоа што така веројатно нема да добиете помош од никого.

Spotlight ефект: луѓето кои постојано се окупирани со размислување, не забележуваат очигледни работи


Повеќето од луѓето денес постојано се занимаваат со сериозно размислување. Кога се во друштво, тие ги окупираат мислите до толку што не забележуваат очигледни нешта, докажуваат научници од универзитетот Корнел. Едноставно кажано, не им е грижа како изгледате, како одите во канцеларија или на факултет. Тие не обрнуваат внимание на Вашиот изглед и сте многу помалку во центарот на вниманието отколку што мислите. Секој е окупиран со сопствените проблеми.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот