Дрвјата имаат одредена непоколеблива, потценета убавина. Нивната долговечност значи дека ги гледаат луѓето, годишните времиња, па дури и историските настани како доаѓаат и си одат. Некои дрвја виделе повеќе од другите.
Една прекрасна маслинка во селото Ано Вувес на грчкиот остров Крит била сведок на милениуми кои се протегале од падот на Римската Империја до враќањето на Олимпијадата во Атина во 2004 година.
Се смета дека оваа маслинка е стара илјадници години. И покрај оваа импресивна возраст, на неа и понатаму растат маслинки.
Иако маслинката сега е заштитена, ова не е единственото дрво чија возраст достигнува 3.000 години. Борот „Pinus longaeva“ во Калифорнија е стар 4.854 години, а тоа значи дека неговото семе никнало во 2832 година пр.н.е., додека раните месопотамиски цивилизации правеле градови и тргувале, а Египет ја започнувал својата Втора династија. Исто така, се проценува дека две маслинки, познати како „Сестрите“ во Либан, се стари 6.000 години. Овие дрвја преживеале војни, пандемии, суши и пожари и се вистински доказ за издржливост.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Twitter