X
 13.02.2024 Наука

Пронајдено неоштетено кокошкино јајце старо 1.700 години

Истражувачите откриле добро сочувано кокошкино јајце, старо околу 1.700 години, за кое се верува дека е единственото од ваков вид во светот.

Според неодамнешните скенирања, она што го издвојува ова јајце е тоа што сè уште содржи течност внатре (жолчка и белка).

Тоа е единственото целосно јајце што било пронајдено, а датира од римската окупација на Велика Британија. Јајцето е откопано во Берифилдс, во близина на Ајлсбури во Бакингемшир. Берифилдс е стара населба која се наоѓа на улицата Акеман, римски пат. Јајцето било откриено за време на копањето во Берифилдс во Ајлсбури од 2007 до 2016 година, пред изградба на куќа.

Според извештаите, јајцето и дрвена корпа биле извадени од јама. Оваа голема дупка ги спречувала органските материјали да се распаѓаат во почвата.

3Д-слики од јајцето


Биле користени КТ-скеновите за да се создадат 3Д-слики кои ја откриле содржината на јајцето и постоењето на воздушна кеса. Експертите изјавиле дека биле вџашени кога ја виделе содржината внатре.

Едвард Бидулф, сениор проект-менаџер во Одделот за археологија на Оксфорд, кој го надгледувал ископувањето, го споделил своето воодушевување со Би-би-си изјавувајќи: „Бевме апсолутно воодушевени кога ја видовме содржината внатре бидејќи очекувавме дека е празно“.

Ова јајце, за кое се смета дека е единственото од овој вид во Британија, е едно од четирите пронајдени за време на ископувањата од 2007 до 2016 година. Другите три јајца случајно биле скршени, ослободувајќи остар мирис, но четвртото јајце останало недопрено.

Јајцето било однесено во Природонаучниот музеј во Лондон, каде што научниците побарале помош како да го сочуваат и да ја вратат неговата содржина без да предизвикаат штета. Иако музејот има и други јајца со содржина, се смета дека ова е најстарото нескршено јајце познато до денес.

Музејот има збирка на мумифицирани птичји јајца, кои најверојатно биле откопани од катакомбите во Египет во 1898 година или порано.

 

Извор:Interesting Engineering

Фото: Oxford Archeolofy/Facebook

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука