Улогата на британската кралица Елизабета Втора најчесто е формална и сите нејзините политички обврски и овластувања со текот на времето станале надлежност на британската влада. Меѓутоа, кралицата сè уште ужива во некои исклучителни овластувања, како следниве
1. Таа е сопственик на сите лебеди на Темза.
2. На неа ѝ припаѓаат и сите делфини и китови во британските води на оддалеченост од 5 километри од брегот.
3. Таа може да вози без возачка дозвола.
4. Не ѝ е потребен пасош и може да патува секаде.
5. Таа слави два родендени - еден на денот кога е родена и службен.
6. Во својата палата има сопствен банкомат.
7. Таа има свој личен поет.
8. Кралицата ги потпишува сите закони.
9. Таа не мора да плаќа данок, но плаќа доброволно.
10. Кралицата има свои витези кои лично ги именува.
11. Не е должна да дава информации за ништо.
12. Може да игнорира и отфрли секакви министерски совети во случај на „тешка уставна криза“.
13. Кралицата може да ја отпушти целата австралиска влада и да донесува политички одлуки за уште 15 држави, меѓу кои и Канада, Јамајка, Нов Зеланд, Бахамите и Белизе.
14. Таа е поглавар на англиската црква.
15. Никој не можете да ја тужи или казни.