Граѓаните на ЕУ ќе мора да одговорат на три „едноставни“ прашања онлајн ако сакаат да продолжат да живеат во Велика Британија по Брегзитот, вели секретарот на земјата.
Луѓето ќе треба да ја покажат нивната лична карта, дали имале некакви кривични пресуди и дали живеат во Велика Британија.
Нивните одговори ќе бидат проверени во владините бази на податоци и одлуката ќе биде дадена за брзо време.
Ќе може да се одговара онлајн и преку апликација за паметни телефони, а доколку некој граѓанин биде одбиен, ќе постои многу добра причина за тоа.
Кој треба да аплицира за да го утврди својот статус?
Шемата ќе биде задолжителна за сите граѓани на ЕУ што живеат во Велика Британија - владата очекува вкупно 3,5 милиони апликации.
Граѓаните на ЕУ и членовите на семејствата што живеат во Велика Британија пет години, до крајот на 2020 година ќе можат да аплицираат за „утврден статус“, што значи дека можат да продолжат да живеат и да работат во Велика Британија.
Оние што ќе пристигнат до 31 декември 2020 година, но не престојувале пет години, можат да бараат да останат додека не исполнат пет години, а потоа ќе можат да побараат „утврден статус“.
Во шемата се вклучени и граѓани од Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
Колку ќе чини?
Апликациите ќе чинат 65 фунти за возрасни и 32,50 фунти за деца, а ќе бидат бесплатни за државјани на ЕУ што веќе имаат престој. Од апликантите ќе се бара да достават биографски информации, да изјават дали имаат криминални досиеја и да испратат фотографија од нивното лице.
Процесот бара проверка на идентитетот и националноста на апликантот со пасош, лична карта или друг валиден документ, а тоа може да биде направено преку апликација за паметни телефони или пошта.
Кога ќе почне?
Владата се надева дека ќе почне со испитувања во рок од неколку недели, а луѓето ќе можат да се регистрираат наесен.
Шемата ќе трае најмалку две години по денот на Брегзитот, веројатно околу јуни 2021 година.
Други детали за тоа како ќе функционира
- Апликантите без паметни телефони или компјутери ќе можат да ја пополнат нивната апликација преку интернет во библиотеките и специјалните контакт-центри.
- На оние што немаат пристап до компјутери или не се во можност да ги користат ќе им биде дадена помош преку посета во нивните домови од имиграционите службеници.
- Ќе биде понудена помош за превод.
- Луѓето од Република Ирска нема да има потреба да аплицираат за „утврден статус“, но ако сакаат, може да го направат тоа.
- Оние со претходно утврден статус ќе можат да добијат решение без дополнителни трошоци.
Апликантите со „Андроид“ телефони ќе можат да преземат апликација што ќе може да го прочита чипот во нивните пасоши за да го идентификува нивниот идентитет - и ќе можат да направат селфи што ќе биде проверено во досието.
Во моментов постои проблем со корисниците на „Епл“ уредите, кои нема да можат да ја користат оваа апликација и наместо тоа, ќе мора да ги испратат нивните пасоши за да го докажат својот идентитет.
Доста сложен проект
За стотици илјади државјани на ЕУ што имаат директна и легитимна историја на вработување во Велика Британија и се чувствуваат удобно со користење на дигиталната технологија, нивните апликации може да се решат во рок од неколку дена.
Но за барателите што се надеваат дека ќе донесат роднини, луѓето што не можат да работат со компјутери, процесот би можел да биде пречка со која ќе мора да се борат.
Што велат другите критичари?
Претседателот на комисијата за внатрешни работи, Ивет Купер, вели дека се потребни повеќе одговори од владата за тоа што ќе се случи со оние што нема да се регистрираат до јуни 2021 година без нивна вина, како што се децата.
- Во моментов се чини дека ако децата не се регистрираат во наредните три години, тогаш ќе ги загубат своите законски права иако можеби цел живот живееле во Британија - вели Купер.
Новата шема за „утврден статус“ ќе го воспостави правото на мигрантите од ЕУ да останат во Велика Британија.
Што со британските граѓани во ЕУ-земјите?
Секретарот на Велика Британија ги обвини земјите на ЕУ, како Франција и Шпанија, дека не успеале да го постигнат напредокот на Велика Британија за плановите за иселениците по Брегзит.
Постојат околу 900.000 граѓани на Велика Британија во ЕУ. И двете страни од преговорите за Брегзит се решија да го обезбедат статусот на иселениците до периодот кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, во март 2019 година.
Но секој договор што ќе го постигнат ќе биде ратификуван од страна на Европскиот парламент и прифатен од земјите-членки.
Ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, тогаш статусот на британските граѓани што живеат во земјите-членки на ЕУ е помалку сигурен.
Велика Британија очекува дека земјите-членки ќе им дозволат на Британците што живеат во ЕУ да ги имаат истите права како што ЕУ-граѓаните ќе имаат во
Велика Британија, меѓутоа, ќе остане земјите да одлучат што ќе прават.