Еве зошто љубовта е совршена, но сепак комплицирана.
1. Те сакам како што се сакаат одредени темни нешта, тајно, меѓу сенката и душата.
2. Те чекам како осамена куќа сè додека ти повторно не ме погледнеш и не почнеш живееш во мене. Дотогаш, моите прозорци чувствуваат болка.
3. Во овој дел од приказната јас сум тој што умира, само јас, и ќе умрам од љубов затоа што те сакам, затоа што те сакам, љубов, во оган и крв.
4. Само не заборавај, ако се пробудам плачејќи, тоа е затоа што во сонот сум изгубено дете и ги ловам лисјето на ноќта за твоите раце...
5. Те сакам без да знам зошто, како или од каде. Те сакам едноставно, без проблеми или горделивост: те сакам на овој начин бидејќи не знам друг начин на љубење, туку само овој, во кој нема јас или ти, толку интимен што твојата рака на моите гради е моја, толку интимен што кога ќе заспијам, твоите очи се затвораат.
6. Љубовта е кратка, заборавот е долг.
7. Жеден сум за твојата уста, твојот глас, твојата коса. Молчам гладувајќи, крстосувам низ улиците. Лебот не може да ме најаде, зората ме прекинува, целиот ден ловам за течноста на твоите чекори.
8. Но ги сакам твоите нозе само затоа што тие чекорат над земјата, над ветрот и над водата, сè додека ме пронајдат.
9. Навечер, љубов, врзи го твоето срце за моето и тие двете заедно во нивниот сон ќе ја победат темнината.
10. Сакам да ти го направам она што пролетта им го прави на црешите.