X
 09.05.2020 Култура

Актерот што го глуми Голум го чита „Хобитот“ на Толкин без пауза: Може да потрае и 12 часа

Енди Серкис, познатиот актер што го глумеше Голум во филмот „Господарот на прстените“ и во „Хобитот“, се обидува да собере средства за пандемијата со која се соочува и Велика Британија, преку читање во живо на целата книга „Хобитот“ на Толкин.

- Голем дел од нас се борат со изолацијата. Додека времињата се тешки, сакам да ве одведам на една од најголемите авантури досега, на 12-часовен маратон во фотелја низ Средната земја, додека се собираат пари за две неверојатни добротворни организации кои им помагаат на оние на кои им е најпотребна помош.

56-годишниот актер почна да го чита романот на 8 мај, а неговата цел е да ја прочита целата книга во еден здив, без одмор. Проценува дека читањето би требало да трае помеѓу 10 и 12 часа.

Во продолжение погледнете како изгледаше тоа.



Извор: Good News Network
Фото: Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура