Луѓето во Турција се меѓу највредните работници во светот.
Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажаа дека, во просек, работниците во Турција работеле 47,9 часа неделно во 2016 година. Следна е Колумбија, а веднаш зад неа се Мексико со просек 45,2 часа неделно и Костарика со 44,9 часа.
Фото: iStock
Спротивно на тоа, од учесниците во истражувањето, Холанѓаните и Данците работат најмалку, со 29,1 и 32,1 часа неделно. Ова се првите 15 земји каде што се работи најмногу.
1. Турција, 47,9 часа неделно
2. Колумбија, 47,8 часа неделно
3. Мексико, 45,2 часа неделно
4. Костарика, 44,9 часа неделно
5. Чиле, 43,4 часа неделно
6. Јужна Африка, 43,1 часа неделно
7. Израел, 40,6 часа неделно
8. Полска, 39,9 часа неделно
9. Унгарија, 39,6 часа неделно
10. Португалија, 39,4 часа неделно
11. Чешка, 39,4 часа неделно
12. Словачка, 39,2 часа неделно
13. Словенија, 39,2 часа неделно
14. Грција, 39,0 часа неделно
15. Латвија, 38,9 часа неделно
Податоците исто така покажаа дека некои вработени можат да работат повеќе од 60 часа. Повеќе од 20 отсто од вработените во Турција работат повеќе од 60 часа неделно, а речиси 12 отсто од Јужноафриканците го прават истото - и покрај фактот што законот за работни односи на земјата забранува повеќе од 45 часа неделно.
Имајќи го тоа на ум, во продолжение се првите 15 земји каде што вработените
работеле повеќе од 60 часа неделно.
1. Турција (20,9 отсто од работната сила)
2. Колумбија (17,2 отсто од работната сила)
3. Костарика (16,7 отсто од работната сила)
4. Мексико (14,7 отсто од работната сила)
5. Индонезија (14,3 отсто од работната сила)
6. Индија (13,6 отсто од работната сила)
7. Јужна Кореја (12,8 отсто од работната сила)
8. Јужна Африка (11,8 отсто од работната сила)
9. Грција (11,7 отсто од работната сила)
10. Јапонија (8,2 отсто од работната сила)
11. Аргентина (8,1 проценти)
12. Чиле (8,1 отсто од работната сила)
13. Исланд (7 отсто од работната сила)
14. Нов Зеланд (6,7 отсто од работната сила)
15. Австралија (6,1 отсто од работната сила)
Целосниот извештај можете да го погледнете
ТУКА. Македонија не беше вклучена во истражувањето.