Стив Ханке, професор по применета економија на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, составил листа со најмизерните земји за 2022 година.
Резултатите се комбинација од нивото на невработеност (помножено со два), инфлацијата и стапките на кредитирање на банките минус годишната процентуална промена на реалниот БДП по глава на жител.
На првото место на листата на Ханке се најде Зимбабве, чиј „индекс на мизерија“ е 414,7. Како најголем фактор за лошата состојба во оваа земја се наведува инфлацијата.
Македонија се најде на 39. место со „индекс на мизерија“ од 50,4 благодарение на невработеноста.
Кога станува збор за другите земји во регионот, Црна Гора е на 34. место, Србија на 54. место, Албанија на 97. место, Хрватска на 98. место, Словенија на 118. место, а Босна и Херцеговина на 18. место.
Последното место го зазеде Швајцарија, чиј „индекс на мизерија“ е 8,518.
ТУКА можете да ја погледнете целата листа.
Извор:
Klix.ba
Фото: Freepik