„Фејсбук“ најави почеток на пилот-проект чија цел е наплата за членство во фејсбук-групи. Како причина за промената на својата досегашна политика базирана на бесплатни услуги од компанијата ја наведуваат желбата за поддршка на администраторите на групите, кои со својот труд и секојдневен ангажман придонесуваат за квалитетот и разноликоста на општеството.
Пилот-проектот ќе биде имплементиран кај неколку фејсбук-групи чии корисници ќе добијат известување дека за понатамошно членство во групата треба да платат членарина.
Според јавно достапните информации, месечната цена за користење на платформите ќе ја одредуваат самите администратори, а тие ќе се движат од 4,99 до 29,99 долари. Претплатата ќе може да се уплаќа на едноставен начин, преку апликацијата на „Фејсбук“, достапна и за Андроид и за iOS.
It's free and always will be
Фото: Facebook (screenshot)
Во последно време голем број администратори сакаат да го ограничат користењето на содржините од нивните групи, надевајќи се дека така ќе добијат подобар увид во тоа кои се нивните корисници за да можат да ја оптимизираат својата понуда. Исто така, администраторите се надеваат дека така ќе ги поттикнат корисниците и членовите да платат за пристап до платформата, како и некои спонзори да се огласуваат во нивните групи.
Експертите сметаат дека пилот-проектот е обид на „Фејсбук“ да тестира како корисниците ќе реагираат на плаќањето на содржините, за кое во последно време почесто се
зборува.