X
 08.04.2016 Технологија

Нов дизајн на Facebook: Нова опција на местото на Messenger

Медиумите пишуваат дека компанијата има цел да ги охрабри луѓето да пренесуваат видеа во живо преку апликацијата и ќе оди дотаму што ќе елиминира еден од најважните сервиси.


„Фејсбук“ воведува нов дизајн за својата мобилна апликација за да принуди повеќе луѓе да пренесуваат видеа во живо од своите животи. Компанијата го заменува делот „Месенџер“ со нов за пренос во живо за да ги охрабри луѓето да започнат да ја користат новата опција од социјалната мрежа.

Новата опција ќе седи во средина на апликацијата, а во себе ќе има и други копчиња за да се најдат други преноси и да започнат да ги испраќаат од своите телефони.

Инаку, „Фејсбук лајв“ беше претставен изминатото лето, откако апликациите како „Перископ“ и „Миркат“ започнаа тренд за мобилни преноси. Оваа алатка им овозможува на луѓето да испраќаат видео преноси користејќи на камерата на телефонот, а потоа тие видеа се појавуваат на насловните страници на пријателите.

Новиот дизајн доаѓа со повеќе промени поврзани со опцијата за пренос во живо. Со новите промени ќе дојдат и филтри за преносите и начини на наоѓање луѓе во близина.

Медиумите известуваат дека во „Фејсбук“ се „опседнати“ со промовирање на оваа опција за преноси, поради што компанијата дури им плаќала на познати лица да ја користат.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија