Консумирањето само еден алкохолен пијалак дневно може да го скрати животниот век за околу два и пол месеца.
Доктор Тим Стоквел од Канадскиот институт за истражување на употреба на супстанции рече дека на оние што пијат значително повеќе алкохол од тоа (околу 35 пијалаци неделно) би можел да им биде скратен животниот век за две години.
- Алкохолот е нашата омилена рекреативна „дрога“. Го користиме за задоволство и релаксација, а последното нешто што сакаме да го слушнеме е дека предизвикува штета. Утешно е да се мисли дека некои пијалаци се добри за нашето здравје, но за жал, тоа не е вистина - вели тој, истакнувајќи дека ниту една количина на алкохол не е безбедна за оние што прекумерно пијат, што е потврдено и од науката.
Неодамнешните истражувања покажаа дека консумирањето алкохол може да го зголеми ризикот од одредени здравствени проблеми како рак, срцеви заболувања, мозочен удар, заболувања на црниот дроб и многу повеќе, според Центарот за контрола и превенција на болести.
Иако долго време се веруваше дека црвеното вино е добро за срцето, тоа не е случај бидејќи некои истражувања го покажаа спротивното.
- Можноста да пиете е знак дека сте здрави, а не причината за доброто здравје. Постојат многу начини на кои овие истражувања даваат лажни резултати кои погрешно се толкуваат, така што мислите дека алкохолот е добар за вас - вели Стоквел.
Извор:
n1.info.rs
Фото: Freepik