X
 22.06.2021 Наука

Тежината на сите ковид-честички во светот не надминува 10 килограми

Група истражувачи од Научниот институт Вајзман во Израел, ја пресметала тежината на ковид-честичките.

Доколку сите ковид-честички што се наоѓаат во пацеинтите низ светот се соберат на едно место, нивната тежина би се движела помеѓу тежината на едно јаболко и едно мало дете - од 100 грама до 10 килограми.

Група истражувачи неодамна пресметале дека секое заразено лице носи од 10 до 100 милијарди честички на вирусот за време на пикот на инфекцијата, што значи дека вкупниот САРС-КоВ-2 што моментално циркулира на планетата, а просечно имаше помеѓу милион и 10 милиони инфекции за време на било кој период од пандемијата, е тежок помеѓу 100 грама и 10 килограми.

- Ако погледнеме од историски контекст, атомската бомба тежи помалку од 100 килограми. А погледнете ја штетата што ја предизвика - вели еден од водечктие автори на истражувањето, Рон Мило, професор на Институтот за наука Вајзман во Израел и коавтор на истражувањето.

- Изненадувачки е целиот свет да биде „клекнат на колена“ од 10 килограми - вели Ави Фламхолц, истражувач во „Колтек“.

- Aко би размислувале за тоа интуитивно, би избрале многу поголем број, затоа што нашата интуиција смета дека ова е голема работа, па соодветствува некој поголем број - додава тој.

1
Фото: Freepik

Фламхолц и неговите колеги проценуваат дека една заразена клетка содржи околу 100.000 вириони од кои околу 10 до 100 се заразни. Но, потребни се само неколку заразни вириони за да направат некој сериозно болен - вели тој.

- Ќе добиете потенцијално стотици индивидуални вириони од тој единствен настан на инфекција и секој од нив ќе има мала веројатност за инфекција. Но, доколку заразат, ќе доведат стотици други - вели  Фламхолц.

За да се процени бројот на вируси во заразено лице, истражувачите користеле мерења на генетскиот материјал на вирусот, во овој случај РНК, од ткивата на резус-мајмуните. За ова истражување, на мајмуните им бил инјектиран вирусот два до четири дена пред мерењата.

Генерално, истражувачите откриле најголема концентрација на РНК-копии во белите дробови. Така, тие се потпреле на тој број за да ја проценат вкупната тежина на вирионите кај едно заразено лице. Откриле дека таа тежина се движи од 1 до 100 микрограми - до 100 пати полесна од семе од афион.

- Постојат добри причини да се пристапи кон овој број со научен скептицизам затоа што тестирате РНК, но не го тестирате бројот на честички или бројот на заразни честички.

Затоа проценката на истражувачите се движи од 1 до 10 милијарди вириони по лице. Исто така се зема предвид фактот дека вирусот влијае на секого различно, така што некои луѓе имаат повеќе вириони од други.

Во текот на истражувањето, истражувачите наишле на друг наод: со утврдување на бројот на произведени вириони за време на една инфекција, може да се утврди колку мутации се јавуваат врз основа на претходните проценки на стапката на мутација на вирусот.

Тие пресметале дека даден вид најверојатно развива околу три мутации месечно. Иако повеќето мутации се безопасни, научниците сепак се загрижени дека вирусот може да развие уште поопасни комбинации на мутации што помагаат за брзо ширење на вирусот.

Фламхолц рече дека наодите од истражувањето се првенствено уште еден потсетник дека малите честички можат да имаат смртоносно глобално влијание.

- Живееме во макроскопски свет каде работите тежат 100 килограми. Гравитацијата е важна сила. Кога скокаме, паѓаме и тонеме на дното на базенот освен ако не пливаме. Тие работи не важат за микроскопската скала - вели тој.

Извор: Business Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука