X
 28.12.2021 Наука

Јадете зеленчук и ќе бидете среќни, покажува истражување

Ново истражување објавено во списанието „Академи оф нутришн енд диететикс“ посочува дека покрај физичкото здравје, зеленчукот може да го подобри и менталното здравје.

- Зеленчукот содржи безброј микронутритиенти, како што се цинк, магнезиум, фолна киселина и железо, кои се клучни за оптимална ментална функција. Исто така, содржи антиоксиданси кои го штитат телото од оксидативен стрес, кој е поврзан со депресија и анксиозност - вели Иса Кујавски, нутриционист.

Истражувачите сакале да видат дали можат да откријат влијание врз среќата и психолошката благосостојба врз основа на количината на зеленчук што луѓето ја консумираат. За да го тестираат ова, тие анализирале 75 учесници на возраст меѓу 18 и 65 години кои обично имале низок внес на зеленчук. Тие биле поделени во 2 групи.

Во текот на 8 недели на учесниците во студијата им бил даден избор на свеж или замрзнат зеленчук и им било наложено да ги консумираат количините препорачани во Насоките за исхрана - приближно две до четири порции дневно, во зависност од нивниот вообичаен дневен внес на калории.

zelencuk
Фото: Freepik

Контролната група се придржувала кон нивната вообичаена исхрана. Истражувачите ја користеле скалата за субјективна среќа (SCS) за да ја проценат среќата пред и по истражувањето.

- Резултатите за среќата се зголемија кога се консумирале количината и видот на зеленчук препорачани во Упатствата за исхрана - изјави д-р Шенон Касперсон, биолог и истражувач во Центарот за истражување на човечката исхрана.

- Секој учесник во тестот јадеше две до три порции зеленчук секој ден. Им беше дадена слобода да го изберат зеленчукот што сакаа да го јадат од секоја од потребните подгрупи зеленчук. Важно е секоја недела да се јаде широк спектар на зеленчук од сите бои на виножитото - вели д-р Касперсон.

Овие резултати го потврдуваат она што многу експерти за храна и исхрана го претпоставуваат - дека разновидната исхрана може да има големо влијание врз целокупната благосостојба на една личност.

Зошто зеленчукот предизвикува среќа?

Д-р Касперсон напоменува дека витамините и фитохемикалиите во зеленчукот имаат антиоксидантно и антиинфламаторно дејство, што може позитивно да влијае врз психолошката благосостојба. Сепак, таа забележува дека се потребни повеќе истражувања за целосно да се разбере влијанието.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука