X
 22.06.2023 Живот

Луѓето со сини очи имаат поголем ризик да станат зависници од алкохол

Истражување спроведено на Универзитетот во Вермонт покажува можна врска помеѓу луѓето со сини очи и алкохолизмот.

Истражувањето водено од Арвис Суловари, а кое било спроведено во 2015, било првото кое открило врска помеѓу бојата на очите и ризикот од алкохолизам. Заклучоците биле донесени врз основа на податоци од над 10.000 индивидуалци кои имале дијагноза на барем една психијатриска болест, меѓу кои и зависноста.

Истражувачите ги искористиле податоците за да ги пронајдат лицата со зависност од алкохол и откриле интересна врска. Тие откриле дека лицата со посветли бои на очи, особено оние со сини очи, имаат поголеми шанси да станат зависници од алкохол во однос на оние со потемни очи.

Истражувањето открило и дека генетските делови кои ја одредуваат бојата на очите и оние поврзани со претерано консумирање алкохол имаат ист хромозом.

Сепак, потребни се дополнителни тестирања и истражувања за да се потврди врската, според истражувачите.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот