X
 09.11.2022 Живот

Кои земји консумираат најмногу, а кои најмалку алкохол?

Многу земји имаат традиција на пиење алкохол: без разлика дали тоа е чаша вино со ручекот, аперитив пред вечерата, пиво на Октоберфест, ракија со мезе - алкохолот е дел од културата на народите низ светот исто како и кујната и музиката.

Консумирањето алкохол во земјите варира и е под влијание на законите, културата и другите карактеристики на секоја земја. Светската здравствена организација ја евидентира потрошувачката на алкохол во секоја земја во литри чист алкохол за сите видови алкохол: пива, вина, жестоки пијалаци и други алкохолни пијалаци.

Евидентирана е просечна потрошувачка за лица постари од 15 години. Светската просечна потрошувачка изнесува 6,18 литри, со особено висока концентрација на поголеми консументи во Европа, објави „Ворлд попјулејшн ревју“.

За да се објаснат разликите во содржината на алкохол во различни пијалаци (на пример, вино или пиво), вредностите се изразени во литри чист алкохол годишно.

Ова се топ-10 земји со највисока потрошувачка на алкохол (во литри чист алкохол по глава на жител):

1. Летонија – 13,19 литри

2. Молдавија – 12,85 литри

3. Германија – 12,79 литри

4. Литванија – 12,78 литри

5. Ирска - 12,75 литри

6. Шпанија – 12,67 литри

7. Уганда – 12,48 литри

8. Бугарија – 12,46 литри

9. Луксембург – 12,45 литри

10. Романија – 12,34 литри

Имајќи ги предвид податоците дадени од „Аор ворлд ин дата“, слободно може да се каже дека европските земји традиционално имаат поголема количина на алкохол консумирана по лице.

Во повеќето земји, мажите пијат во просек најмалку трипати повеќе алкохол од жените. На пример, комбинираниот просек во Чешка е 14,6 литри, но родовиот просек е 6,9 литри за жени и 22,0 литри за мажи (и двете се глобални високи).

Во нашата земја, на годишно ниво се пијат по 6,43 литри чист алкохол по глава на жител. Мажите пијат 10,36 литри годишно, а жените значително помалку - 2,54 литри алкохол.

alkohol
Фото: Freepik

Во некои земји разликата е уште поголема. Во Туркменистан, на пример, мажите пијат 5,26 литри годишно, повеќе од пет пати повеќе од жените (1,03 литри годишно).

Други бројки откриваат дека Северна Африка и Блискиот Исток покажуваат релативно ниско ниво на алкохол.

Вака изгледаат првите 10 земји со најмала потрошувачка на алкохол:

1. Сомалија, Бангладеш, Кувајт, Мавританија, Саудиска Арабија – 0,00 литри

2. Авганистан – 0,013 литри

3. Либија – 0,027 литри

4. Јемен – 0,034 литри

5. Египет – 0,14 литри

6. Сирија- 0,19 литри

7. Бутан – 0,21 литри

8. Индонезија – 0,22 литри

9. Пакистан – 0,31 литри

10. Џибути – 0,36 литри

Во различни земји низ светот алкохолот има различно значење и положба во општеството; во основа, повообичаено е луѓето да пијат редовно во некои земји отколку во други.

Алкохолот е регулиран со закони кои одредуваат минимална возраст за пиење (најчесто 18 или 21 година, но варира во зависност од земја), го ограничуваат отвореното носење алкохол на јавни места, бараат лиценци за алкохол за ресторани и продавници и забрануваат возење под дејство на алкохол.

Извор: World Population
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот