Компанијата за персонализирани фармацевтски производи, „Мултиплај Лабс“, предвидува иднина во која пациентите конечно ќе можат да се збогуваат со голтањето на коктели од различни лекови организирани во мали пластични кутии.
Ветувањето на компанијата е една дневна 3Д-испечатена таблета, која ќе биде адаптирана според потребите на секој пациент.
Нужноста за пиење повеќе лекови може да го отежни придржувањето до терапијата. Често се случува и да нема точна доза од одреден лек, па лекарите мораат да препишуваат две таблети. Во некои случаи, пак, не е достапна доза помала од една таблета.
Специјално направените таблети на „Мултиплај Лабс“ содржат неколку прегради, по една за секој препишан лек. Преку менување на дебелината на ѕидовите на преградите, таблетите можат да испуштаат и да разложуваат лекови токму кога е потребно.
3Д-печатењето може да овозможи масовно производство на овие лекови.
Роботската фабрика на оваа компанија е екстремно ефикасна во создавањето и полнењето на таблетите на пациентите по потреба и нарачките се завршуваат за неколку минути, велат од
компанијата.