X
 01.02.2016 Здравје

Кои домашни лекови за настинка се навистина ефикасни?

Кивање, кашлање, болки во телото - тешко е кога човек се бори со бактериите. Пред да се обидете со вашиот омилен домашен лек против настинка, прочитајте што навистина функционира, а што може да биде губење на време и пари.

 

med


Мед

Функционира! Чај со мед или топла вода со лимон измешана со мед всушност го намалува кашлањето кај децата и може да помогне во ослободувањето на болките во грлото кај возрасните.

Во истражувањето направено кај деца од 2 години и постари со инфекции на горните дишни патишта, им биле дадени 2 лажички (10 милилитри) мед пред спиење, со што ноќното кашлање било намалено и спиењето било полесно.

Всушност, во истражувањето медот се покажал дека е ефективен како потиснувач на кашлицата. Доколку се обидувате да му ја намалите кашлицата на вашето дете, тогаш дајте му една лажица пред спиење или колку што е потребно.

Но, поради ризикот од ботулизам кај децата помали од една година, што претставува сериозно труење со храна, не треба да се дава мед на деца помали од една година.

И запомнете: кашлањето помага да се исчисти слузот, па ако вашето дете е здраво, не треба да ја потиснувате неговата кашлица.

Витамин Ц

 

3


 

Се чини дека не функционира. Иако некои истражувања укажуваат на тоа дека витаминот Ц може да го скрати времетраењето на настинка, сепак други велат дека нема корист. Ниту едно поголемо истражување не покажува дека витаминот Ц покажува заштита од настинка.


Истражувањата покажуваат дека земањето на витамин Ц може да помогне при настинка само ако вашето тело има недостаток од овој витамин. На пример, луѓето кои живеат во студена клима, може да имаат ниско ниво на витамин, такашто може да служи како некаква заштита. Меѓутоа можете да добиете иста заштита од редовното интезивно вежбање.

Витаминот Ц генерално се смета за безбеден; сепак, високите дози може да предизвикаат дигетстивни проблеми како што е дијареја и гадење.

Цинк

Може да помогне! Анализа на истражувања откриваат дека земањето на суплементи на цинк во првите неколку дена од настинката, или како сируп или како бонбонче, може да го скрати времетраењето на болеста. Меѓутоа бидејќи суплементите не се регулирани, не можете секогаш да бидете сигурни во тоа колку е ефикасен.

Исто така, цинкот спречува настинка кај луѓе кои го користеле во текот на 5 месеци. Додека луѓето кои имаат недостаток на цинк може да имаат ослабен имунолошки систем, тоа не мора да значи дека цинкот е подобар. Зрната богати со цинк и балансираната исхрана може да обезбеди се` што ви е потребно.

Но, важно е да знаете дека цинкот е токсичен доколку се консумир во високи дози.

Топли пијалоци

 

2


Секако дека функционираат. Шолја топол чај може да го олесни шмркањето, кивањето и кашлањето.

Топлите пијалоци долго време помагале во борбата со настинката како и намалувањето на секретите во градите и синусите.

Истражувачите од Центарот за настинка при Универзитетот Кардиф Во Британија, испитувале дали топлите напитоци ги намалувале симптомите на 30 лица заболени од грип или настинка повеќе од пијалоците на собна температура.

„Топлите пијалоци ги намалуваат симптимите на течење на носот, кашлање, кивање, болки во грлото и замор“, се вели во истражувањето.

Други истражувања пак покажуваат дека пилешката супа има слични ефекти.

Чили пиперка

 

3


Некои луѓе веруваат дека чили пиперката содржи соединени наречено капсаицин кое помага во спречувањето на настинка. Експертите од Националниот институт за здравје и Универзитетот Дјук велат дека и не е баш така.

Пиперката за која се верува дека помага при болка и го стимулира стомакот, не прави ништо со настинката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје