„Нетфликс“ одлучи да ги изненади своите претплатници и да објави бонус-епизода од популарната серија „Песочен човек“ (The sandman).
Платформата допрва треба да открие дали ќе ја продолжи серијата со втора сезона, но додека се чека на тоа, обожавателите може да ја гледаат бонус-епизодата. Серијата имаше премиера пред точно две недели и оригинално имаше 10 епизоди.
Во бонус-епизодата гостуваат Сандра О, Џејмс Мекавој, Дејвид Тенант и Мајкл Шин. Таа претставува адаптација на двата раскази „Сон за илјада мачки“ и „Калиопе“ од истоимениот стрип од Нил Гејман.
Едночасовната епизода веќе е достапна на „Нетфликс“.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Pixabay