X
 03.10.2024 Живот

Серијата „Бебе-ирвас“ на „Нетфликс“ е погрешно претставена како вистинска приказна, вели американски судија

Американски судија пресуди дека жената обвинета за следење на креаторот на „Бебе-ирвас“, Ричард Гад, има основа за тужба за клевета против стриминг-платформата „Нетфликс“, наведувајќи дека серијата била погрешно претставена како вистинска приказна, иако „Нетфликс“ не направил никаков напор за да ја потврди приказната на Гад, ниту да ја прикрие Фиона Харви како инспирација за ликот на Марта.

Фиона Харви, врз која се базира ликот на серијата Марта, тврди дека серијата лажно имплицирала дека таа сексуално го нападнала Гад и дека била испратена в затвор поради скришно следење. Откако гледачите успеаја да ја идентификуваат како инспирација за Марта, таа поднесе тужба вредна 170 милиони долари, тврдејќи дека серијата ја клевети, прикажувајќи ја Марта како осуден демнач, иако таа никогаш не била осудена за злосторството.

Во пресудата окружниот судија Гери Клауснер истакнува дека со оглед на тоа што серијата започнува со реченицата „Базирано на вистинска приказна“, тоа ги наведува гледачите да ја прифатат приказната како факт. Иако наводните постапки на Харви се лоши, тој истакна дека постапките на Марта во серијата се претставени уште полошо од она за што всушност била обвинета Харви.

- Постои голема разлика помеѓу скришно следење и пресуда за скришно следење. Исто така, постојат големи разлики помеѓу соодветно допирање и сексуално вознемирување. Иако наводните дејства се за осуда, тврдењата на обвинетата се од посериозна природа и може да предизвикаат поинаков впечаток кај гледачите - напишал Клауснер во пресудата.

Во своја одбрана Гад тврдел дека Харви со години скришно го следела додека работел во паб во Лондон, го допирала по задникот и му испраќала илјадници вознемирувачки електронски и говорни пораки. Тој изјавил дека ја пријавил во полиција, но таа добила само опомена за вознемирување и не била процесуирана, ниту испратена в затвор. Гад рече дека серијата на „Нетфликс“ и претставата врз која е базирана серијата се измислени. Гад имал сомнежи за реченицата „Ова е базирано на вистинска приказна“, но дека таа била вклучена на барање на „Нетфликс“.

Харви не е именувана во серијата, но гледачите брзо успеале да ја идентификуваат преку нејзините објави на социјалните мрежи. Харви рече дека добивала смртни закани, а Клауснер рекол дека таа претрпела сериозна емоционална болка и дека се плашела да ја напушти куќата.

Клауснер рече дека „Нетфликс“ требало да знае дека изјавите и прикажувањето на Харви преку ликот на Марта се лажни и дека гледачите ќе го откријат нејзиниот идентитет и ќе ја малтретираат врз основа на тие лажни претстави. Но, обвинетите не се потрудиле да ја истражат точноста на тие изјави, ниту пак презеле дополнителни мерки за прикривање на нејзиниот идентитет.

На почетокот од овој месец актерката Џесика Ганинг освои „Еми“ за улогата на Марта во серијата „Бебе-ирвас“, која освои вкупно четири награди „Еми“.

Извор: n1info.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот