X
 22.08.2023 Наука

Облаците на Нептун речиси исчезнаа, а научниците не се сигурни зошто

На Нептун се случува нешто многу чудно. Во последните години исчезнале бледите облаци во атмосферата на планетата. Меѓутоа, фотографии направени со телескопот „Хабл“ во 1994 година покажуваат дека ова не е првпат облаците на Нептун да исчезнат.

Се чини дека промените се поврзани со 11-годишниот циклус на активноста на Сонцето. Научниците се збунети од оваа поврзаност бидејќи оддалеченоста на Нептун од Сонцето е над 30 пати поголема отколку оддалеченоста од Земјата до Сонцето. Освен тоа, последната трансформација била особено драматична.

Исчезнувањето на облаците на Наптун било забележано во 2019 г., а тие речиси исчезнале до почетокот на 2020 година. Досега облаците не се вратени на поранешното ниво, објасни астрономот Еранди Чавез од Универзитетот „Харвард“. Како што посочува тој, претходните периоди на ниска активност на облаците на Нептун не биле толку драматични и долги.

Нептун се наоѓа далеку од Земјата и е тешка за истражување. Научниците користеле достапни податоци за да утврдат дека трансформацијата на облаците на Нептун се случува во циклус од 11 години, исто како циклусот на активност на Сонцето. На секои 11 години магнетните полови на Сонцето се менуваат и ова предизвикува исфрлање на маса и сончеви дамки, меѓу другото.

Научниците забележале дека облаците започнуваат да се појавуваат на Нептун отколку 2 години по менувањето на половите на Сонцето. Според научниците, УВ-зраците од Сонцето, кога се најсилни во циклусот, поттикнуваат фотохемиска реакција која ги создава облаците на Нептун. Потребни се дополнителни набљудувања за да се донесат конечни заклучоци и целосно да се разбере овој процес, посочуваат научниците.

Извор: Science alert 
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука