X
 22.09.2019 Наука

Кинески ровер пронајде чудна супстанција на Месечината

Кинескиот ровер „Јуту-2“ испрати нови фотографии од чудна супстанција што ја нашол во близина на мал кратер на далечната страна од Месечината.

Минатиот месец тимот кој стои зад роверот истакна дека е најдена мистериозна супстанција во боја. Беше наведено и дека формата и бојата на материјалот се значително поразлични од околната почва на Месечината.

Во нова објава на тимот може да се видат нови фотографии од чудната супстанција, иако за жал таа се наоѓа во средиштето на еден кратер, па е тешко да се дојде до неа.

Фото: Futurism

Фотографиите се направени со камерата на роверот, која избегнува пречки и се осигурува дека роверот нема да налета на нешто. Црвената и зелената форма на фотографијата погоре веројатно се артефакти на спектометарот на роверот.

Па што е таа супстанција? Најдоброто нагаѓање засега е дека е парче стакло формирано при влијание од метеор.

Фото: Futurism

Веројатно кинеските истражувачи ќе објават уште фотографии и исчитувања на спектометарот од мистериозната супстанција. Во најмала рака, тие ќе мора да почекаат Сонцето да изгрее за да ја продолжат истрагата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука