Само 17 отсто од младите во Србија примиле вакцина, а владата размислува на кој начин да ги мотивира да се вакцинираат. До 1 август треба да се донесе одлука, а една од мерките што се разгледуваат е воведување дополнителен испитен рок за вакцинираните студенти.
Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија изјавило за „Нова“ дека ќе им препорачува на универзитетите да ја спроведат мерката доколку кризниот штаб и владата се одлучат за тоа.
Ованка Поповиќ, ректорка на Универзитетот во Белград, смета дека е потребна масовна вакцинација за сите генерации, не само во студентската, но добро е да се има што повеќе вакцинирани студенти кога ќе започне новиот семестар и кога повеќе луѓе ќе бидат во групи во затворен простор.
Фото: Pexels
Анкета на Филозофскиот факултет во Белград и агенцијата „Ипсос“ покажала дека за слабиот одѕив за вакцинација помеѓу младите има повеќе причини. Меѓу другото, младите мислат дека вакцината е исто опасна колку и коронавирусот, веруваат дека силниот имунитет е доволна заштита од ковид-19, но и дека е посигурно да се почека.
Затоа властите одлучуваат да го промовираат вакцинирањето преку награди, како дополнителен испитен рок.
Автор: Бојана Миловановиќ
Извор:
Nova