X
 22.09.2021 Образование

Универзитет во Киев отвора оддел за „Тик-ток“

Универзитетот за култура и уметности во Киев, Украина, основа оддел за „Тик-ток“, изјавил ректорот и основач Микало Поплавски.

Ректорот на универзитетот е познат како ексцентричен, а веста за новиот оддел ја открил на презентација минатата недела. За него, социјалната платформа претставува културен феномен, а негова цел е да го „украинизира“ „Тик-ток“ и да ги води креативните и амбициозни млади луѓе.

Ректорот не открил детали за видот на студии што ќе се нудат на новиот оддел.



Извор: Bykvu
Фото: Instagram/Printscreen
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование