X
 23.12.2015 Образование

Изгледот на Универзитетот Лунд во Шведска

За една зграда да „преживее“ во 21-от век, мора да биде флексибилна. Луѓето треба да се движат и да престојуваат на места кои ќе одговараат на работата која тие ја работат. Ако една зграда не може да ги задоволи потребите на луѓето, тогаш нивната работа ќе страда.

 

линк


Токму овој е предизвикот на дизајнерската компанија „Henning + Larsen“ од Данска чијашто задача е да ја дизајнираат зградата на Лунд универзитетот, кој е лоциран во Шведска.

Дизајнот резултираше со план за два спрата, од кои долниот спрат ќе биде поврзан со веќе постоечките згради, но горниот спрат ќе ротира 45 степени за да се усогласи со блискиот пат.

Во самата зграда има и училници и работни места. Ќе има и лабораторија за истражување наречена „wet lab“, што значи дека нема да има потенцијални експлозии кои би можеле да го уништат новиот дизајн. Исто така ќе има соби во кои ѕидовите ќе се движат, а самата зграда овозможува лесно реновирање. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование