X
 22.09.2022 Технологија

Кинеска компанија ќе произведува струја од соларни панели во орбитата

Кинеската компанија „Лонги грин енерџи технолоџи“ планира да испраќа соларни панели во орбитата за да произведува енергија која ќе се користи на површината на Земјата.

Идејата на компанијата е да произведува енергија од сончевата светлина во текот на целиот ден.

Други компании работат на слични проекти, но се чини дека оваа ќе биде првата што ќе ја реализира идејата.

Во Кина бил направен и првиот модел за пренесување енергија од вселената, кој веќе бил тестиран. Системот ја собира сончевата енергија високо над земјата, ја претвора во микробранови кои се испраќаат до станица на површината која оваа енергија ја претвора во струја.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија