Идната година Кина ќе ги престаса САД на лидерското место на најмоќна светска економија, предвидува анализа на „Стандард Чартерд“. Дополнително, до 2030 година седум од првите десет места на листата со најголеми глобални економии ќе им припаднат на денешните пазари во подем.
Според тие предвидувања, Индија исто така би требало да ги престаса САД, кои до 2030 година би можеле да бидат трета економија во светот. Во истиот период Индонезија ќе се пробие во првите пет и ќе го заземе четвртото место, додека Турција ќе биде на петтото место на листата со најјаки економии во светот.
„Стандард Чартерд“ ја прави анализата врз основа на номинален БДП и паритет на куповна моќ.
- Нашите долгорочни прогнози се засноваат на еден клучен принцип: уделот на државите во светскиот БДП на крајот би требало да се усогласи со уделот на таа држава во светската популација, што ќе се води со усогласување на БДП по
жител меѓу развиените пазари и оние што се во подем - истакнува Дејвид Ман, економист во „Стандард Чартерд“.