X
 22.12.2015 Технологија

Дали знаевте дека екранот од вашиот лап топ може да функционира како екран на допир?

Сакате да купите лап топ со екран на допир меѓутоа не можете да си дозволите? Што ако можете да го претворите екранот на вашиот лап топ во екран на допир?

Да, возможно е. Сега можете да го конвертирате вашиот лап топ или компјутер во екран на допир со помош на нов уред наречен „AirBar“. Екранот на допир стана популарна карактеристика кај лап топите денес, и многу лап топи се движат напред и имаат екран на допир, меѓутоа не секој од нив доаѓа со ваква карактеристика.

Шведската компанија „Neonade“ донесува нов уред „AirBar“ кој може да го претвори екранот во екран на допир.

Како функцонира „AirBar“?

„AirBar“ е мал уред кој со магнет се прикачува на дното на екранот на вашиот лап топ. Кога е конектиран со лап топот со USB, уредот започнува да емитува невидлива светлина преку екранот која се користи за да ги следи движењата на екранот на допир.

Еве како сето тоа изгледа на видео.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија